Home Вебкафе Холандските власти тврдат дека откриле кој ја предал Ана Франк на нацистите

Холандските власти тврдат дека откриле кој ја предал Ана Франк на нацистите

Шестгодишната истрага која ја спроведоа холандските власти за предавството на Ана Франк го идентификуваше осомничениот за смртта на една од најпознатите еврејски жртви на холокаустот.

Нејзиното засолниште го открил еврејскиот нотар Арнолд ван дер Берг, според тврдњата на тимот во кој бил и пензионираниот агент на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) Винсент Панкок и околу 20 историчари, криминолози и експерти за анализа на податоци, пренесува Ројтерс.

Истражувачите заклучиле дека е „многу веројатно“ Ван ден Берг да го предал семејството Франк за да го спаси сопственото семејство, изјави член на истражувачкиот тим Питер ван Твиск за дневниот весник „NRC њузпејпер“.

Како што беше соопштено, идентификувањето на предавникот било со цел да се реши една од најголемите мистерии во Холандија за време на Втората светска војна.

Со користење на техники за анализа на голем број на податоци, составена е главна база на податоци со списоци на нацистички соработници, доушници, историски документи, полициски записи и претходни истражувања за да се откријат нови траги.

Врз основа на сознанија за местото каде се криела и мотивот за предавство, визуелизирани се десетици сценарија и локации на осомничените за да се идентификува предавникот.

Нацистите ја пронашле Ана на 4 август 1944 година, по две години криење.

Мип Гис, една од помагачите на ова семејството, го зачувала дневникот на Ана на безбедно место сè додека таткото на Ана, Ото, не го објавил во 1947 година, две години по смртта на Ана во логорот Берген Белсен на 15-годишна возраст.

Нејзиниот дневник е прочитан од милиони читатели ширум светот и е преведен на 60 јазици.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ова е периодот од денот кога сме најтажни – но и најсреќни

Постои ли точно определен момент во денот кога се чувствуваме најрадосни или најподложни н…