Home Актуелно Хојт Ји: Проширувањето на ЕУ е нереално, Западен Балкан глуми спроведување реформи

Хојт Ји: Проширувањето на ЕУ е нереално, Западен Балкан глуми спроведување реформи

Заменикот на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Брајан Хојт Ји, отворено и без задршка изјави дека проширувањето на ЕУ до 2025 година воопшто не е реално, а штетно е што Западниот Балкан глуми дека спроведува реформи, пренесува Фокус.

„Нема потреба да се откажува од евроинтеграциите, но важно е да се биде искрен какви се изгледите на тој пат. Затоа што преправањето дека тоа е извесно и оти некои земји можат да станат членки до 2025 година, не само што им одмага на оние кои треба да спроведуваат реформи, туку ги охрабрува и клептократите, корумпираните функционери да им велат на луѓето дека членството ќе се случи за две, три, пет години и им дава повеќе кислород отколку што заслужуваат“, рече Ји на собирот „Решавање на нерешливото на Западен Балкан“ во Вашингтон.

Тој додаде дека меѓународната заедница моментално нема јасна стратегија за Западен Балкан и оти ЕУ и САД на регионот не му го придаваат значењето кое би требало, како и дека е важно ЕУ и САД да имаат единствен пристап.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…