Home Актуелно Кирацовски, Бектеши, Костадинов, Стојчевска на листата од Антикорупциска за случаи со непотизам

Кирацовски, Бектеши, Костадинов, Стојчевска на листата од Антикорупциска за случаи со непотизам

Државната комисија за спречување на корупција утврди влијание при вработување на роднини од актуелни државни функционер во 9 од вкупно 18-те разгледувани случаи. Во сите девет споменати случаи имало измени во актите за вработување или пак во критериумите во огласите за тие да одговораат на кандидатот кој требало да се вработи, кој бил во роднинска врска со функционер.

Помеѓу случаите каде бил утврден непотизам вклучени се роднини на министрите за економија, Крешник Бектеши и за култура, Асаф Адеми. Потоа на пратениците на СДСМ, Александар Кирацовски, Костадин Костадинов и Мира Стојчевска. Случај на непотизам бил откриен и кај градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

По анализата на 18-те случаи за непотизам при вработување од страна на Комисијата беше соопштено дека ќе се обратат до надлежните министерства со предлог да се направи анализа на законите кои регулираат вработувања во јавниот сектор, со цел да се утврдат ризиците за влијанија и злоупотреба на дискреционите овластувања во процесот на вработување, за што ќе бидат известени и Владата и Собранието.

ДКСК на вчерашната седница донесе одлука и за поведување две прекршочни постапки против претседателот на државата Ѓорге Иванов за донесени укази за унапредување и поставување старешини во Армијата за време на изборниот период.

Антикорупциската комисија најави дека следната недела ќе ги соопшти своите сознанија и за останатите случаи за кои имаше сомневања за непотизам.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…