Home Спорт Херој на годината: Синот на ѕвездата на Интер го воодушеви светот!

Херој на годината: Синот на ѕвездата на Интер го воодушеви светот!

Малиот Алваро Валеро има девет години и е син на фудбалерот на Интер Борха Валеро, а неодамна го воодушеви целиот свет.

Алваро веќе три години одбива роденденски подароци, со цел парите за подароците да бидат донирани во хуманитарни цели за сиромашните деца.

На социјалните мрежи се појави видео на кое малиот Алваро чита писмо кое го добил од една хуманитарна организација, па не можеше да ги сокрие солзите.

„Алваро три години одбива подароци и инсистира парите да ги добијат хуманитарни организации. Тој на само девет години е пример за сите нас. Емоциите кои ги покажува се последица от тоа што ми е мило дека се сетиле да му пратат писмо“, изјави неговата мајка Рока Родригез.

https://twitter.com/VivInterNews/status/1133502410838761472

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…