Хаусер прави пауза од 2Cellos: „Ако си дојдеме на себеси, можеме да продолжиме понатаму“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стјепан Хаусер и Лука Шулиќ одлучија да направат пауза после снимањето на новиот албум. Огромниот успех кој го остварија 2Cellos на светската сцена, очигледно, си го зеде својот данок.

„Тоа беше лудо. Животот, ритамот и темпото беа убиствени. Стварно претеравме. 200 летови годишно, постојано концерти, патувања по сите континенти, снимања…Едноставно,мора да се тргнеме од тоа“; изјави Хаусер.

Момците планираат да ги одработат австралиската и американската турнеја и после тоа да направат пауза.

„Ќе им се посветиме на некои други работи во животот, ќе направиме една здрава пауза, ќе рекапитулираме сè досега низ нашите глави и кога ќе си дојдеме на себеси, ако си дојдеме, можеме да продолжиме понатаму заедно“, додаде Хаусер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 2CELLOS (@2cellosofficial) on

Една од песните од новиот албум ја посветија на најбрзиот електричен автомобил на светот, Concept 2 од Римац.

„Се вика Concept 2 и бевме баш горди како звучи. Башка, пазете, се вика C2, а ние сме 2C, има смисла“, истакна Хаусер.

На крајот се осврна на својот соло концерт во пулската „Арена“.

„Последните осум години исклучиво свирам како 2Cellos и на ваков начин да се излезе од тоа, воопшто, да се осмелам сам да свирам во арената и тоа класична музика, беше луд потег, но и јас самиот сум луд во главата и сакам да ризикувам. Баш се гордеам со себеси“, заклучува Стјепан.