Home Шоубизнис Хари и Меган и НЕГО ќе го канат на свадба

Хари и Меган и НЕГО ќе го канат на свадба

Британскиот принц Хари и неговата вереница Меган Маркл веќе точно го знаат списокот со гости кои ќе добијат официјални покани за нивната свадба.

Меѓу поканетите е и бившиот американски претседател Барак Обама, заедно со неговата сопруга Мишел, кои ќе бидат дел од гостинската елита на нивната венчавка во сабота, на 19 мај.

Извор близок на кралското семејство изјави за Daily Star дека Хари и Меган „сакаат тоа да го направат на свој начин“, и покрај тоа што советниците им препорачуваат да се држат до поканите.

Се стравуваше дека таквиот потез ќе го разбесни актуелниот американски претседател Доналд Трамп, кој не е поканет, и дека тоа ќе ги разниша дипломатските односи меѓу двете сили.

Но, Хари и Меган одлучија „да тераат по свое“ со поканите, препуштајќи му ја конечната одлука за присуство лично на Обама.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …