Home Шоубизнис Харди му вети на Лео и си достоја на зборот – истетовира ужасна тетоважа

Харди му вети на Лео и си достоја на зборот – истетовира ужасна тетоважа

Уште во 2016 година двајцата славни актери и соработници од филмот The Revenant, Том Харди и Леонардо ДиКаприо, направиле малку бизарна кладба поврзана со номинациите за Оскар за нивните улоги во споменатиот филмски хит.

Ди Каприо му тврдел на Харди дека тој за неговата споредна улога во филмот ќе добие номинација за Оскар. Харди, како познат скептик за такви работи, му се противел, па паднал облог дека ако Харди биде норминиран за Оскар за споредна улога во The Revenant, да истетовира тетоважа по избор на ДиКаприо.

Во едно интервју кое Харди го даде за медиумите во 2016 година, вели дека Ди Каприо за негова тетоважа одбрал едноставна реченица.

„Ми напиша со својот ужасен ракопис „Лео знае сè“ (Leo knows everything). Јас бев во фазон, „Важи другар, но ќе морам подобро да ја напишам“, изјави Харди.

Судејќи според фотографијата која неодамна ја објави на Instagram, врз основа на она што може да се види на неговата десна рака, се чини дека Харди го исполнил ветувањето. На неговиот десен бицепс може да се прочита Leo Knows All.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …