Хаос во Скопје по дојави за бомби во ГТЦ, Ист Гејт Мол, МНР и девет средни училишта


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска главниот град на Македонија повторно го тресеа дојави за поставени бомби на елктронската адреса на Министерството за надворешни работи, неколку трговски центри, девет средни училишта во Скопје, а имаше дојава за бомба и во едно основно училиште во Кавадарци.

Дописникот на ТВ24 Владимир Тевчев јавува дека заканувачка порака за поставена бомба во нивниот објект доби основното училиште Гоце Делчев. Кога утрово службите стигнале на работа и ја отвориле електронската пошта, ја прочитале заканата и веднаш ја алармирале полицијата, вели директорката на училиштето Весна Ангеловска.

Пораката била испратена синоќа околу полноќ, а полицијата била известена утрово во 8 часот и 20 минути. Единицата за антитероризам во моментов врши проверки во просториите на училиштето.

Ова е втор случај на заканувачки пораки во кавадаречките училишта. Минатиот понеделник цел на лажни бомбашки дојави беа две средни и три основни училишта. Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев повика на смиреност, а најави дека учениците ќе се вратат на настава, откако ќе се утврди дека училиштните објетки се безбедни. Македонија веќе неколку месеци е цел на хибридни напади со лажни дојави за поставени бомби, најмногу во училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.