ХАОС во Њукасл, ТЕПАЧКА на тренингот – Шелви заработи скршеница!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На тренингот на Њукасл се случи нешто што шпанскиот стручњак Рафа Бенитез во никој случај не смееше да го дозволи.

Како што пренесуваат британските медиуми ситуацијата во Њукасл е прилично напната. Позната е дека Бенитез дозволува нешто по груба игра и на тренинзите, но сега можеби токму тоа е причината за проблемите во овој клуб.

Имено, капитенот Џемал Ласел го нарекол Сегенегалецот, Момо Дијаме мрзлив. Кога Дијаме го слушнал тоа целосно полудел и не сакал да му остане должен на капитенот на тимот.

Дијаме тргна кон него и дошло до физичка пресметка, по што двајцата фудбалери си разменувале тупаници и навреди. Ситуацијата одлучил да ја смирува поранешениот фудбалер на Ливерпув Џонџо Шелви.

За ситуацијата да биде уште полоша, токму Шелви бил фудбалерот кој го извлекол „најдебелиот“ крај и завршил со скршеница на прст на левата рака.

Ласел и Дијаме сигурно ги очекува голема казна од клубот, додека Шелви во продолжение од сезоната најверојатно ќе го гледаме со гипс на левата рака.