Home Актуелно Хан и европратениците денес на средби со политичките лидери, еве ја агендата

Хан и европратениците денес на средби со политичките лидери, еве ја агендата

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан и тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн денеска ќе престојуваат во Скопје и ќе имаат средби со лидерите на парламентарните политички партии и со претседателот Ѓорге Иванов.

Целодневната агедна почнува по координативниот состанок на пратеничките групи за продолжување на Конститутивната седница во Собранието.

Агенда:

12.40, средба со Мендух Тачи, ДПА

13.00, средба со Билал Касами, Беса

13:50, средба со Зијад Села, Алијанса за Албанците

14.55, средба со Али Ахмети, ДУИ

16.10, средба со Зоран Заев, СДСМ

17.45, средба со претседателот Ѓорге Иванов

20.15 – средба со Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ

21.45, Изјава за медиумите на Хан и на европарламентарците

Хан и европратениците нема да се сретнат со претставници на граѓанското општество, потврди вчера портпаролката на Европската Унија Маја Коцијанчич.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…