Home Спорт Хамилтон со нов триумф, Мерцедес шампион кај конструкторите

Хамилтон со нов триумф, Мерцедес шампион кај конструкторите

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон забележа победа во Гран при на САД на патеката во Остин и ја зголеми предноста во генералниот пласман во Светскиот шампионат во Формула 1.

Хамилтон со оваа победа е многу блиску до освојување на четвртата по ред титула во Формула 1, па сега Фетел има само теоретски шанси да го стигне.

За Хамилтон ова беше петта победа во Аустин во последните шест години, а благодарение на неа три трки пред крајот на светското првенство ја зголеми предноста во однос на Германецот Себастијан Фетел од Ферари, на 66 поени.

Во конкуренција на конструктори Мерцедес ја освои шампионската титула. По трката во Остин има 575 поени, а Ферари е втор со 428, пред Ред Бул со 315.

До крајот од сезоната остануваат уште три трки, а следната се вози наредниот викенд во Мексико.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…