Хамилтон го воодушеви светот со емотивната порака која му ја упати на Михаел Шумахер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, кој неодамна ја освои седмата титула во „најлудиот циркус на светот“, со која се изедначи според бројот на освоени светски круни со легендарниот Михаел Шумахер, на социјалните мрежи му го честиташе 52. роденден на германскиот великан.

Михаел Шумахер пред седум години на скијање на Алпите доживеа тешка несреќа при што ја повреди главата, оттогаш многу малку светсот е запознае со неговата состојба. Михаел Шумахер вчера го прослави својот 52 роденден во домот во Швајцарија.

Не е познато во каква атмосфера е прославен роденденот на Шуми, но преку социјалните медиуми неговиот наследник Луис Хамилтон му упати емотивна роденденска порака.

„Среќен роденден Михаел, мислам на тебе денеска“, напиша Хамилтон до нивната заедничка фотографија.

Хамилтон сезонава го изедначи рекордот на Шумахер по бројот на титули, Британецот воедно го престигна славниот Германец по бројот на победи и пласмани на подиумот во Светскиот шампионат во Ф1.