Home Спорт Хамес Родригез: Имам неколку понуди, ќе одлучам следната недела!

Хамес Родригез: Имам неколку понуди, ќе одлучам следната недела!

Ѕвеадата на Реал Мадрид, Хамес Родригез најави заминување од „Сантиаго Бернабеу“ и тоа во зимскиот преоден рок.

Родригез јавно призна дека не е задоволен од неговиот статус во Реал и дека веќе има неколку понуди, па во следната недела ќе донесе одлука за својата иднина.

„Имам неколку понуди и имам седум дена да одлучам што е најдобро за мене. Во Мадрид сум среќен, но сакам да играм. Сакам да минувам време на теренот, но во овој клуб тоа просто стана невозможно. Тоа што би бил дел би направило да се чувствувам поважен во тимот, и иако го сакам Мадрид, овде не е возможно да се постигне се ова што наведов“, истакна Родригез.

Како потенцијална нова средина за Колумбиецот се споменуваат Челзи, Манчестер Јунајтед и Интер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…