Хајек како Хера и Шварци како Зевс во реклама за BMW (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За овогодинешното издание на Super Bowl веројатно најдобрата реклама за автомобили ја направи BMW.

Веќе со објавата беше јасно дека се работи за реклама за која долго ќе се зборува. Како да не кога Арнолд Шварценегер е во главната улога, како грчкиот бог Зевс. Неговата сопруга Хера е отелотворена од друга филмска легенда – Салма Хајек. Таа ќе се обиде да го промовира најновиот електричен SUV на BMW.

„Хуморот е во тоа што легендарниот бог на небото и громот, кој се смета за бесмртен, се бори со конвенционалната домашна електроника“, објаснува Шварценегер. „Ова е мојата прва реклама за Супер Боул и прва што ја играм во улогат на божица“, вели Хајек.

Ако на сè се додаде и врвна продукција, јасно е дека оваа реклама би можела да биде прогласена за најдобра во овогодинешното издание на Super Bowl, кое се одржува оваа недела. А конкуренцијата е жестока затоа што редовно е најдобрата и најскапата реклама во годината. Впрочем, тоа е еден од најгледаните спортски настани на светот.

Во секој случај, да се надеваме дека Хера со изборот на електричниот BMW успеа да врати искра во животот на пензионираниот Зевс кој деновите ги поминува во Палм Спрингс.