Home Спорт Гвардиола спрема богата понуда за Иско

Гвардиола спрема богата понуда за Иско

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е спремен да испрати богата понуда за плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско, пренесуваат шпанските медиуми.

Во моментов 26-годишниот играч за врска го доживува најтешкиот период на „Сантиаго Бернабеу“, бидејќи е во немилост на тренерот Солари, а во последно време и фановите се свртеа против него.

Тоа само ги зголеми шпекулациите дека Иско сака што побрзо да го напушти Реал Мадрид, иако има договор до 2022 година со „кралевите“.

Иско е на мета на многу европски гиганти, но најсилен интерес за него покажува Манчестер Сити. Тренерот Гвардиола никогаш не ги криел симпатиите за својот сонардник, а сега спрема и понуда за неговиот потпис.

Медиумите тврдат дека „граѓаните“ се спремни да понудат 86 милиони евра, но останува да видиме дали таа ќе биде доволна, бидејќи Реал за неговата слобода бара најмалку 100 милиони евра.

Самиот фудбалер е задоволен од инетерсор на Манчестер Сити и има голема желба да работи со Пеп Гвардиола.

https://youtu.be/du8oRCNyQG0

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…