Home Спорт Гвардиола призна: Сакав да играм во Арсенал

Гвардиола призна: Сакав да играм во Арсенал

Фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал попладнево ќе се борат за трофејот во Лига купот.

Пред натпреварот менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гаврдиола, откри дека сакал да игра во Арсенал кога ја напуштил Барселона, но желбата не му ја исполнил Арсен Венгер.

„Вистина е дека сакав да играм за Венгер во Арсенал. Го побарав за да договориме состанок и тој ме покани во неговиот дом, што навистина беше убаво од негова страна. Му кажав дека сакам да играм во Премиер лигата и дека би сакал да играм во неговиот тим“, открива Гаврдиола.

„Сметав дека можам да му помогнам на Арсенал. Можеби беше помалку и арогантен, но тој имаше своја екипа и ми кажа дека за мене нема место во Арсенал“, додаде каталонскиот стратег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…