Гвардиола: Премиер лигата не е најтешка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот менаџер на клупата на Манчестер Сити, даде интересна изјава за медиумите, која веројатно нема да им се допадне на оние кои тврдат дека англиската Премиер лига е најтешката лига во Европа.

Имено, Гвардиола, смета дека тој во овој не работи во најтешката лига и дека Премиер лигата сеуште има простор за подоброување. Да потсетиме, слична изјава имаше и менаџерот на Челзи, Антонио Конте.

Гвардиола во овој момент ја одработува својата втора сезона на клупата на „граѓаните“.

Шпанецот со Манчестер Сити во новата сезона од Премиер лигата после три кола има учинок од две победи и едно реми против тимот на Евертон, пишува Спортски.мк.

„Знам дека сакате тоа да го слушнете, дека е најтешката лига. Најгледана е“, вели Гвардиола.

„Се разбира дека Премиер лигата е тешка, многу тешка. Но, не мислете дека на Бернабеу, Камп Ноу, Билбао, Севиља е лесно. Бидејќи последнава декада шпанските тимови доминираат во Европа. Премиер лигата ќе биде тешка, кога англиските клубови ќе влезат во последната рунда во Лигата на шампиони. Тогаш ќе кажеме ’Ова е најтешката лига’. Треба да се направи тој чекор“, дециден е Гвардиола.