Снимка која го обиколи светот: Бебе падна од тераса, а потоа следеше шок! (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светот пред две години го обиколи снимката на која се гледа како едно девојче паѓа од балкон и по некоја чудна и неверојатна среќа остана жива бидејќи главата ја заглави во оградата од балконот. Денес нејзините спасувачи говорат како изгледало сето тоа.

Малата Ауни пред две години, после несреќата која ја преживеа, помина само со гребаници, откако Субраманијан Шанмуганатан и Понан Мутукумар ја спасија. Тие велат дека качувањето за неа е секојдневна работа, бидејќи во Индија луѓето често се качуваат по дрва.

За ситуацијата во која се најде малата пред две години испадна дека нејзината мајка ја оставила сама на само 15 минути за повозрасната ќерка да ја однесе до школо. Бебето тогаш спиело и таа не сакала да го буди за толку кратко време. Била убедена дека сè ќе биде во ред и дека ништо нема да се случи.

Но, кога си дошла дома, од комшиите дознала дека девојчето во меѓувреме веројатно излегло на тераса со телефонот, кој потоа паднал од нејзините раце и дека така и таа паднала од тераса. За среќа, наместо да падне на земја, нејзиното главче се заглавило меѓу две шипки од терасата и во таа положба останала додека спасувачите не дошле на помош. Тие потоа биле наградени за потфатот, но рекле дека себеси не се сметаат за херои. Само сакале да го спасат бебето и воопшто не мислеле на својата безбедност.