Home Спорт Гвардиола крена бело знаме: Десет бода се премногу!

Гвардиола крена бело знаме: Десет бода се премногу!

Манчестер Сити беше прегазен од Евертон овој викенд со 4:0 и сега момците на Гвардиола заостануваат цели 10 бода зад лидерот Челзи.

Ова е најлош старт за Пеп Гвардиола во неговата кариера, па каталонскиот стратег и јавно се откажа од борбата за титулата.

„Да, десет бода се премногу. Сепак, мораме да бидеме обединети во овие тешки моменти и да ја гледаме табелата до крајот на сезоната“, истакна Гвардиола.

„Кога ќе заврши првенството, ќе го оцениме нашето ниво и претставувањето, како се справил тренерот, како се справиле играчите. Потоа ќе решаваме“,додаде каталонскиот стратег.

Гвардиола исто така, рече дека се чувствува многу среќен во Манчестер и покрај неубедливото претставување на тимот во последните недели.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…