Home Актуелно Групна тепачка во Тетово, еден прободен со нож!

Групна тепачка во Тетово, еден прободен со нож!

Речиси дваесет лица се степале во Тетово во неделата вечер, при што еден бил прободен со нож во левата натколеница, јави полицијата.

Имено, во неделата, околу 19:30 часот во Тетово, на ул. 133, при вербална расправија помеѓу две групи, од една страна 10 до 12 лица и од другата страна шест лица, Е.Ц. на Ѓ.Д. (21) со нож му нанел убодна рана во пределот на левата натколеница.

Причина за насилството е бидејќи Ѓ.Д му продал мобилен телефон на Е.Ц и не го исклучил фејсбук профилот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…