И Груевски и Заев денес на суд


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во временско растојание од само половина час, денес, во Кривичниот суд во Скопје, премиерот Зоран Заев и експремиерот Никола Груевски како обвинети треба да се појават на судењата за предметите „Поткуп“ и „Титаник.

Во случајот „Поткуп“, во судницата треба да биде пуштена видеоснимката со прекини од кабинетот на Зоран Заев како градоначалник, која што беше објавена на „Јутјуб“. Судењето финишира и е пред донесување пресуда.

Предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство никако да почне со воведни говори и главната расправа, затоа што судот го чекаше решението на Врховниот суд за изземањето на судиите кои треба да им судат на Груевски и останатите 20 обвинети за изборни измами. Ним ќе им судат судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев, бидејќи врховните судии не им ги прифатија приговорите на обвинетите.

Извор: Макфакс