Груевски падна, Кили си достоја на зборот (фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Селфи фотката која режисерот Срѓан Јанаќиевиќ ја објави, а на која позираат со актерот Кирил Поп Христов, е докз дека познатиот македонски актер се вратил од Еквадор во Македонија.

Кили претходно, преку неговиот Фејсбук профил, во статус го најави враќањето дома и го поврза со „падот“ на Груевски, кој неодамна, по поразот на локалните избори даде оставка и од лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ.

Кили беше уапсен и суден затоа што користел марихуана за медицински цели, а третманот од страна на претходната власт кон него предизвика многу негативни реакции во јавноста. Тој по ова замина во Еквадор каде беше неколку години.