Груевски бара одложување на затворската казна, во Собрани почнува процедурата за одземање на мандатот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


До скопскиот затвор во Шутка стигна упатниот акт според кој Никола Груевски има обврска до 8 ноември, 15 часот, да се јави во затворот з одлежување на правосилната двегодишна затворска казна.

Адвокатите на Груевски веќе поднеле молба за одложување на издржување на оваа казна. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера го доставил известувањето од судот за пресудата на пратеникот Груевски до претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања. Рокот од 15 дена за одржување на седница на оваа комисија тече од денеска, пренесува Мкд.мк.

Ако Груевски до 8 ноемви не се појави на капијата во затворот во Шутка, веднаш се активира полицијата за да го пронајде и да го донесе на издржување на казната.

Адвокатите на Груевски веќе поднеле молба за одложување на двегодишната затворска казна за набавката на блиндираниот „Мерцедес“ во случајот на СЈО „Тенк“. Надлежниот судија од Кривичниот суд во Скопје има рок до четврток да одговори на молбата на адвокатите за одложување од три месеци на издржувањето на казната. Во образложението на молбата се вели дека Груевски има обврски како пратеник и околу неговиот докторат.

Пратеничкиот мандат на Груевсски автоматски би му престанал доколку казната затвор му беше над 5 години. За помала казна од 5 години, одземањето на пратеничкиот мандат мора да помине преку собраниската процедура. Според Уставот, мандат на пратеник може да се одземе со двотретинско мнозинство гласови.

„На пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци“, пишува во членот 65 од Уставот на Република Македонија.

Претседател на собраниската Комисија за мандатно имунитетни прашања е пратеникот Павле Богоевски. Комисијата треба да одлучи дали пратеникот Груевски по ваквата пресуда е „недостоен за вршење на пратеничката функција“ што е еден од условите според собранискиот Деловник за одземање на пратеничкиот мандат.

Доколку му буде одземен пратеничкиот мандат на Груевски, на негово место во Собранието, седнува наредниот на листата пратеници од коалицијата „За Македонија заедно“, кои беа кандидирани во оваа изборна единица.

Груевски се жали и до Врховниот суд и очекува преиспитување на пресудата за случајот „Тенк“.

Казната од две години затвор е за нарачката на блиндираниот „мерцедес“ на поранешниот премиер. Во правосилната пресуда пишува дека Груевски влијаел противзаконско.