Home Спорт Грците обвинуваат: Натпреварот Црвена Звезда – Олимпијакос бил наместен

Грците обвинуваат: Натпреварот Црвена Звезда – Олимпијакос бил наместен

Црвена Звезда со пресврт и три гола во второто полувреме успеа да славипротив грчки Олимпијакос (3:1) во Лигата на шампионите.

Грчките медиуми веднаш објавија дека се сомневаат во регуларноста на натпреварот и тврдат дека бил наместенсо српско-француски заговор.

Грците обвинуваат дека Црвена Звезда го совлада Олимпијакос во второто коло од ЛШ благодарение на францускиот судија Беон Бастиен кој според нив престрого му покажал црвен картон на Јасин Бензиа во 58. минута, а потоа им помогнал на домаќините со тоа што не го исклучил Марко Марин.

Наводно „заговорот“ почнал уште пред една година кога паднал договор меѓу Србија и Франција секогаш да си помагаат меѓусебно кога ќе се погодат нивни судии на натпревари на екипите од спротивната земја.

Српскиот судија Милорад Мажиќ досудил непостоечки пенал за Франција против Германија и тоа во 84. минута, со кој „триколорите“ го освоија првото место во Лигата на нациите.

Потоа Французите им „вратиле“ за услугата на Србите и тоа на средбата помеѓу Партизан и Молде, кога судијата Руки Буке им помогнал на „црно-белите“ да триумфираат во плејофот за Лигата на Европа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…