Home Актуелно Грција синоќа на нозе – се бранеше името Македонија

Грција синоќа на нозе – се бранеше името Македонија

Вчера вечерта, во 24 грчки града беа организирани протести со цел, како што беше кажано, „да се зачува грчкиот карактер Македонија”.

Централниот собир беше во градот Пела, родното место на Александар Македонски, од каде што беше порачано дека Македонија била и ќе останела грчка.

На некои од протестите можеа да се забележат и дена кои пееа патриотки песни за тоа колку Македонија е грчка.

Организатори на протестите беа од „Комитетот на хеленисти на Македонија”, но поддршка добија само од некои помали партии, но не и од грчката црква која порача дека името Македонија не се бранело на улица.

Инаку, поголем број на новинарски екипи од Македонија кои тргнаа кон Грција се вратија назад, бидејќи, како што соопштија од грчкото Министерство за внатрешни работи – поради безбедносни причини, не им беше дозволен влез кај нашиот јужен сосед.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…