Дани Себаљос призна: Се селам во Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дани Себаљос минатото лето пристигна во Реал Мадрид како еден од најголемите шпански таленти, но оваа сезона воопшто не доби шанса на „Сантиаго Бернабеу“.

21-годишниот играч за врска ова лето сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а интерес за него покажуваат голем број на европски гиганти.

„Диарио Гол“ открива дека Себаљос веќе му се доверил на капитенот Серхио Рамос дека ќе се пресели во италијанскиот гигант Милан.

„Росонерите“ покажуваат силен интерес за младиот Шпанец и наводно веќе постинале договор со неговиот агент, па сега останува уште двата клуба да се договорот за формулата на трансферот.

Реал нема да му стои на патот, но сака да стави клаузула за реоткуп во следните две години, како што направи со Алваро Мората кога се пресели во Јувентус.