Home Спорт Гризман прв пат отворено призна: Шансите да одам во Манчестер Јунајтед се…

Гризман прв пат отворено призна: Шансите да одам во Манчестер Јунајтед се…

Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, синоќа за прв пат направи јавна проценка на шансите за негово заминување во Манчестер Јунајтед ова лето. Тој вели дека шансите да замине на Олд Трафод се 60% и додаде дека сè ќе биде познато во наредните две недели.

Не е тајна дека Жозе Мурињо е сериозно заинтересиран за францускиот репрезентативец, а според досегашните настапи на агентот од Гризман, Антоан не покажувал намери да го напушти Висенте Калдерон ова лето. Сепак, тренерот на „Јорганџиите“, Диего Симеоне, признава дека неговиот најдобар играч би можел да го напушти клубот, што сега го потврди и самиот Гризман.

На прашањето од новинарите од француската телевизија колкави се шансите за негов трансфер во Манчестер Јунајтед, на сакал од еден до десет, Гризман одговори без воздржување: „Шест!“, за потоа да додаде – „Сè ќе се знае во наредните две недели“.

Потсетуваме, Антоан Гризман во договорот со Атлетико има откупна клаузула од 100 милиони евра и таа сума му е потребна на Мурињо за да го обезбеди доаѓањето на Французинот во дресот на Јунајтед.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…