Зделка и пол: Прстен со брилијант вреден 350,000 фунти го купила за 10 фунти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една Англичанка во 80-те години од минатиот век купила прстен на распродажба за само 10 фунти, но по повеќе од три децении случајно дознала дека тој има многу поголема вредност.

Имено, се утврдило дека „камчето“ на прстенот е всушност брилијант од 26,27 карати.

За неколку дена прстенот ќе се најде на аукција на Sotheby’s. Тој е проценет на најмалку 350.000 фунти.

Шефот на лондонската филијала на аукциската куќа, изјави дека сопственичката на модниот додаток воопшто не знаела што носи на нејзината рака, се дури еден продавач на накит случајно не и посочил дека прстенот вреди илјадници фунти.

„Тоа е како наследство да паднато од небо. Прекрасно сознание“, истакна управителот на Sotheby’s.