Гризман откри што му ветила Барса да се пресели на „Камп Ноу“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Антоан Гризман вчера и официјално објави дека останува верен на Атлетико Мадрид и ќе го продолжи договорот со „јорганџиите“.

Гризман соопштувањето на оваа важна вест го направи навистина специфично прикажувајќи документарец за секој детаљ од трансфер сагата која траеше со месеци.

Во документарецот беше обелоденето и како Барселона го врбувала Гризман.

„Ми рекоа дека сосема нормално е тоа што Атлетико ти нуди многу повеќе пари бидејќи си главен играч на клубот. Треба да избереш дали сакаш да останеш во Атлетико за многу поголема плата од онаа во Барса но во исто време да ризикуваш да не триумфираш во Лигата на шампионите, или да се преселиш во Барса каде ќе имаш помала плата во следните години“.

„Од Барса велат дека спортскиот проект е многу подобар, тие три години ја немаат освоено Лигата на шампионите и сакаат да ја освојат со тебе. Во Барса ќе ти биде полесно да стигнеш до трофејот од Лигата на шампионите отколку во Атлетико“.