Home Спорт Гризман негира дека е против доаѓањето на Нејмар

Гризман негира дека е против доаѓањето на Нејмар

Новата ѕвезда на Барселона, Антоан Гризман ги демантираше шпекулациите за наводно негово противење за доаѓање на Нејмар.

Медиумите тврдат дека Гризман е против евентуалното доаѓање на Нејмар на „Камп Ноу“ бидејќи се плаши дека може да го загуби местото во првиот тим, па поради тоа тој бил малку загрижен.

Сепак, Гризман преку Твитер со куса порака одговори на оние кои ги шират таквите гласини.

„Ех … Како знаете? – напиша Гризман.

Претходно во медиумите имаше информација дека Каталонците се блиску до договор со ПСЖ за трансфер на бразилскиот напаѓач.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…