Кој ќе го раководи СЈО по притворањето на Катица Јанева?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, вчера доби 30-дневен притвор во рамки на истрагата за случајот „Рекет“, се отвори прашањето за тоа кој сега ќе раководи со СЈО. Според законските одрердби, заменичките на Јанева не можат во целост да ја преземат функцијата прв човек на СЈО.

Според Законот за СЈО, Јанева е единствениот обвинител, а останатите работат со нејзино овластување.

Јавниот обивнител Љубомир Јовески денеска изјави дека според Законот за јавно обивнителство, Советот на обивнители треба во разумен рок да одреди вршител на должност од редот на обвинителите во СЈО.

Потоа, во Собранието да се поведе постпака за разрешување и да се избере нов обивнител на СЈО преку процедурата во парламентот.

Според член 18 од Законот за Специјално јавно обвинителство, обвинител може да биде разрешен пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Советот на јавни обвинители најпрво треба да изготви извештај за утврдената фактичка состојба и да го испрати до Собранието. Членовите на Комисијата за избори и именувања треба во согласност со четирите најголеми партии треба да изготват предлог за разрешување за што е потребно гласање од 2/3 од пратениците. Разрешувањето потоа треба да биде потврдено и од Советот на обвинители.