Гризман избран за најдобар играч во Лига Европа!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман беше избран за најдобар играч во Лига Европа за минатата сезона.

Атлетико Мадрид минатата сезона ја освои титулата во Лига Европа, а Гризман одигра клучна улога.

Французинот ја освои наградата победувајќи го својот колега Диего Годин и Дмитри Паје од Марсеј.

„Им благодарам на сите кои гласаа за мене, многу сум среќен и горд поради наградата. Сакам да им се заблагодарам на тренерот, соиграчите и сите кои работат во Атлетико Мадрид“, зијави Гризман.