Григор Димитров го прележа коронавирусот – доби негативен тест


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бугарскиот тенисер Григор Димитров објави дека го прележал коронавирусот откако доби негативниот тест на КОВИД-19.

Димитров на последниот ден на турнирот во Задар, 21 јуни објави дека е позитивен на ковид -19, поради што веднаш беше откажано финалето Ѓоковиќ – Рубљов. Веднаш потоа позитивен тест на корона имаа Новак Ѓоковиќ, Борна Чориќ, Горан Иванишевиќ и двајца тренери.

Прв пат по турнирот во Задар кој предизвика лавина од коментари меѓу светските тенисер се огласи бугарскиот тенисер Григор Димитров.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grigor Dimitrov (@grigordimitrov) on

-Токму сега добив извонредни вести од докторот од Монако, кој потврди дека сум негативен на Ковид-19. Ви благодарам на сите за поддршката во изминатите недели за време на мојот карантин.Се радувам што брзо ќе му се вратам на тренингот и што ќе бидам подготвен за американската турнеја на тврда подлога, напишал Димитров на Инстаграм.