Home Актуелно Градоначалниците само демагози – без конкретни мерки за намалување на загадувањето

Градоначалниците само демагози – без конкретни мерки за намалување на загадувањето

Без конкретни мерки против загадувањето на воздухот заврши денешната средба на градоначалниците од скопскиот плански регион.

Тие само дискутираа како да се намали загадувањето. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, по средбата повика да не се политизира темата и да се соработува за решение на проблемот.

Градоначалниците разговарале за некои од можните решение кои би придонеле за помало загадување, па на маса биле ставени предлози како намалување на цената на парното греење, потоа како повеќе домаќинства да се приклучат кон топловодната мрежа, станало збор за субвенционирање на разни видови греење, а забрана на користење на недозволиви материјали за затоплување, потоа за изградба на велосипедски патеки.

Ќе продолжи и прскањето на сообраќајниците со средство за контрола на прашината, а ќе биде повторено и барањето да се вози пар-непар. На социјалните мрежи, пак, за в среда се повикува на протест против загадениот воздух.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…