Home Спорт Готово: Гвардиола ја купи ѕвездата на Атлетико за 70 милиони!

Готово: Гвардиола ја купи ѕвездата на Атлетико за 70 милиони!

Манчестер Сити го договори првото засилување за следната сезона, а станува збор за играчот за врска на Атлетико Мадрид, Родри.

Шпанскиот репрезентативец беше голема желба на тренерот Гвардиола, кој во него гледа идеален наследник на Фернандињо на средината на теренот.

Овој 22-годишен фудбалер со одличните натпревари во дресот на Атлетико Мадрид го привлече вниманието на многу европски гиганти, но „граѓаните“ успеаа да ја победат конкуренцијата.

Преговорите помеѓу Сити и неговите агенти се одвиваа веќе неколку недели, а сега конечно двете страни постигнале комплетен договор.

Родри во договорот со Атлетико има откупна клаузула од 70 милиони евра, а Сити веќе ги известил „јорганџиите“ дека ќе ја активира откупната клаузула.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1140926505503088640

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…