Home Спорт Готово: Го одби ПСЖ и се договори со Интер!

Готово: Го одби ПСЖ и се договори со Интер!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер постигнал комплетен договор со играчот на Волфсбург, Рикардо Родригез и во летниот преоден рок ќе ја активира откупната клаузула.

Агентот на Родригез синоќа беше во Милано и постигна договор со раководството на Интер кое по завршување на сезоната ќе ја активира откупната клаузула која изнесува 22 милиони евра.

Швајцарецот игра одлично во дресот на Волфсбург и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најзаинтересиран беше ПСЖ кој наводно му понудил поголема плата, но играчот одбрал да се пресели во Милано.

Главна цел на „нероаѕурите“ ќе биде засилување на одбраната за следната сезона, а Рикардо Родригез без сомнеж ќе биде големо засилување за левата бековска позиција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…