Home Спорт Готово: Алегри и Јуве се разделуваат на крајот на сезоната!

Готово: Алегри и Јуве се разделуваат на крајот на сезоната!

Италијанските медиуми тврдат дека Макс Алегри постигнал договор со раководството на Јувентус за спогодбено раскинување на договорот на крајот на сезоната.

Договорот бил постигнат во јануари на задоволство на двете страни, но нема да биде објавено се до завршување на сезоната.

Алегри ќе се обиде сезонава да ја освои легендарната шестта титула во Италија и да стигне што подалеку во Лигата на шампиони, а на крајот на сезоната ќе се раздели со Јувентус.

Се погласни се шпекулациите дека Алегри ќе се пресели во Премиер лигата и ќе го наследи Арсен Венгер во Арсенал.

„Не демантирам ниту потврдувам. Сега сум фокусиран само на Јувентус. Секогаш во овој период од годината медиумите пишуваат дека заминувам дури и кога работите се одвиваат добро“, изјави италијанскиот стратег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…