Home Актуелно Горан Грујовски во Бугарија имал други идентитет под името Владимир Варелов

Горан Грујовски во Бугарија имал други идентитет под името Владимир Варелов

Горан Грујовски кој точно еден месец е во бегство и за кого е издадена меѓународна потерница имал уште еден идентитет – Владимир Варелов, објави ТВ 21, повикувајќи се на извори во Министерството за внатрешни работи.

Истите извори од полицијата за телевизијата велат дека и Интерпол е известен за ова име под кое се претставува Грујовски кој од СЈО е обвинет во предметот Тврдина и Таргет.

МВР официјално не ги потврдува информациите.

Официјално велат дека во рамките на овластувањата и обврските ги преземаат сите мерки со цел лоцирање на Горан Грујовски и Никола Бошковски, и се прават проверки на повеќе локации во земјава. Но, со оглед на, како што велат од МВР, упатеноста на овие лица со можностите кои им стојат на располагање, потрагата е отежната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…