Home Актуелно Го врзале и го ограбиле под закана со пиштол

Го врзале и го ограбиле под закана со пиштол

Настанот се случил вчераутро  во 6 часот, на улица Стив Наумов во Охрид, кога нападнатиот З.Ќ. затекнал две непознати лица како спијат во неговата плевна.

Во тој момент еден од сторителите, за кои се претпоставува дека се сириски мигранти, му се заканил со пиштол и со пластични врвки му ги врзал рацете.

Откако го заврзале, му одзеле приврзок со клучеви, велосипед и еден дуксер и побегнале во непознат правец.

З.Ќ. бил пронајден во 7 часот и 15 минути, без никакви повреди.

Службите преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…