Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Контроверзниот францускиот новинар, есеист и писател Ерик Земур, кого дел од јавноста го нарекува „францускиот Доналд Трамп“ поради неговите контроверзни ставови и испади, официјално влезе во трка за претседател на Франција.
Откако неговото име почна да се споменува како еден од потенцијалните кандидати, Земур доживеа силен раст на анкетите.
Но, за кратко време многу долгогодишни соработници го напуштија, а неговите говори не ги исполнија очекувањата.
Според последните анкети на Политико, Земур е само на третото место, далеку зад Емануел Макрон и Мари Лепен.
Инаку, овој десничарски ТВ новинар голем пад доживеа минатиот викенд, кога беше снимен во Марсеј како им покажува среден прст на демонстрантите.
Земур е личност која користи запалива реторика за мигрантите и исламот и е обвинет за поттикнување поделби во Франција.