Home Вебкафе Го слупа 260.000 фунти скапиот Ферари само еден час откако го купи

Го слупа 260.000 фунти скапиот Ферари само еден час откако го купи

Во сообраќајката која ја доживеа, на човекот за кој пишуваме најмногу му се повреди гордоста, откако го уништи својот 260.000 фунти вреден и нов Ферари кој го купи ганц нов и го возеше само еден час.

Фотографиите кои ги објави полицијата ги прикажуваат изгорените остатоци од црниот Ферари 430 Скудериа, откако неговиот сопственик излетал од патот со автомобилот кој се претворил во огнена топка.

Според полицискиот извештај, возачот на луксузниот Ферари излетал од влажната сообраќајница и лизгал уште 50 низ полето, пред возилото да се запали. Несреќата се случила во Јужен Јоркшир, Англија.

Кога стигнале на местото од несреќата, возачот, кој се здобил само со исекотини и модринки, на полицајците им рекол: „Ова беше Ферари“, со акцент на повредената гордост, потоа додавајќи: „Го купив пред само еден час“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…