Home Спорт Го платија 30 милиони, сега го испраќаат на позајмица!

Го платија 30 милиони, сега го испраќаат на позајмица!

Габриел Барбоса – Габигол ова лето пристигна со голема помпа во Милано и навивачите на Интер го пречекаа како „Бог“ надевајќи се дека ќе биде големо засилување за тимот.

Два и пол месеци подоцна ни трага ни глас од талентираниот Бразилец кој беше платен 30 милиони евра. Од почетокот на сезоната има одиграно само еден натпревар, поточно 15 минути на мечот со Болоња.

Франк де Бур бараше трпение и тврдеше дека ќе му треба време за да се привикне на италијанскиот фудбал, но Стефано Пиоли нема време да го чека Бразилецот особено поради фактот што сега се важни само резултатите.

Поради тоа италијанските медиуми тврдат дека Интер размислува да го испрати Габигол на позајмица до крајот на сезоната.

Се споменуваат Пескара и Емполи како најверојатни опции, со цел Бразилецот да има голема минутажа во следните 6 месеци и да се привикне на италијанскиот фудбал.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…