Home Вебкафе Го осветлила небото над 3 сојузни држави во САД: Рекордно долга молња од 768 километри (снимка)

Го осветлила небото над 3 сојузни држави во САД: Рекордно долга молња од 768 километри (снимка)

Молња со должина од 768 километри која го осветли небето над три американски сојузни држави е официјално најголема во историјата, потврдуваат научниците.

Молњата во 2020 се протегала на над 768 километри и го осветлила небото над Мисисипи, Луизиана и Тексас.

Претходниот рекорд бил 709 километри и е забележан во Бразил во 2018. Молњите ретко се протегаат над 10 милји (16 километри) и обично траат помалку од една секунда, пишува Би-Би-Си.

Уште еден одблесок од молња е забележан во 2020 во Уригвај и Аргентина кој поставил нов рекорд во траење од 17.1 секунди. Претходниот рекорд изнесувал 16.7 секунди.

„Ова се извонредни случувања“, влеи професорот Рандал Сервени, известувач на Светската метеоролошка организација (СМО) за временските и климатските екстреми.

Според СМО, двата рекорди се случиле во области склони на интензивни бури кои произведуваат „мега-молњи“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кралицата на гламурот се среќава со холивудската легенда: Ким Кардашијан со историските обетки на Елизабет Тејлор

Во светот каде што модата сè почесто ги надминува границите на обичното и навлегува во тер…