Home Спорт Го издржа притисокот од Саинц: Прва победа за Верстапен во Монтреал

Го издржа притисокот од Саинц: Прва победа за Верстапен во Монтреал

Макс Верстапен го издржа притисокот на Карлос Саинц во последните 15 круга и ја забележа првата победа во Монтреал за Големата награда на Канада. Трет на подиумот беше Луис Хамилтон.

Макс Верстапен ја зголеми предноста во генералниот пласман на 46 бода откако синоќа триумфираше на ГН на Канада.

Безбедносно возило во последната третина од трката донесе возбудливи финиш, Карлос Саинц 15 круга го притискаше Макс Верстапен, но Холанѓанецот не направи ниту една грешка и се радуваше на првата победа во Монтреал.

Третото место на пиедесталот му припадна на Луис Хамилтон, кој во петокот се жалеше дека неговиот болид е катастрофа.

Џорџ Расел заврши како четврти, а позицијата број пет му припадна на Шарл Леклер, кој статруваше како последен.

Во бодови уште завршија Естебан Окон, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас, Жу Гуанју и Ленс Строл.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…