Home Вебкафе Го истренирала своето папагалче да ги напаѓа сите кои не ѝ се допаѓаат неа

Го истренирала своето папагалче да ги напаѓа сите кои не ѝ се допаѓаат неа

Иако децата со своите постојани потпрашувања и љубопитност понекогаш знаат да бидат и малку досадни, тие во истовремено се и најзабавните суштества на светот.

Постои нешто чудесно кај нив, како малечки битија, кои ја имаат најголемата фантазија и омжат да се забавуваат во било која прилика, нешто кое ние возрасните одамна сме го заборавиле.

Но, децата понекогаш (или малку почесто) знаат да направат и некоја лудост која ќе го насмее цело семејство, а да бидеме реални, некого и ќе загрижи и изнервира.

Еден Твитер корисник сподели видео на кое се гледа како неговата внука успеала да ја истренира својата птица да го нападне секој еден кој не му се допаѓа на девојчето и на кого таа ќе му врисне, вклучително и самиот твитерџија.

Реакциите на ова видео кое за кратко време имаше над половина милион споделувања беа поделени, од исплашеност до смеа. А на еден Твитер корисник оваа снимка му била толку инспиративна што направи и стрип за неа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…