Гледачите згрозени од „18+“ сцената во новата серија на ВВС


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Долгоочекуваната серија „Mother Father Son“во продукција на ВВС со Ричард Гир и Хелен МекКрој во главните улоги, ги изненади многумина од гледачите со експлицитната секс сцена.

Во сцената актерот Били Хаул се појавува целосно гол, а додаток на тоа е и необичната расправа со проститутката која ја најмува неговиот лик во серијата.

„Сакам да се преправаш дека не знаеш ништо за сексот, ниту за своето тело, ниту за мене“, вели тој во сцената.

После тоа следи експлицитната секс сцена. Иако на почетокот од ВВС предупредија дека серијата содржи „експлицитен речник и сцени со секс“, гледачите го изразија својот револт на социјалните мрежи.

„За малку нешта сум зажалил во животот, а на врвот од таа листа се наоѓа гледањето на оваа серија со родителите. ВВС, корисно би било да се предупреди на оваа секс сцена“, беше еден од коментарите.

„Ја изгледав првата епизода. Се обидов умот да ми биде отворен, но Боже мој, што беше тоа? Простота, пенис, дрога, повраќање…“, гласеше друг коментар на Твитер.