Home Актуелно Главниот кризен штаб ќе предложи законско ограничување на цените за лечење на пациенти со КОВИД-19 во приватните клиники

Главниот кризен штаб ќе предложи законско ограничување на цените за лечење на пациенти со КОВИД-19 во приватните клиники

Главниот координативен кризен штаб утре до Владата ќе поднесе измени на Законот за здравствена заштита со кои на приватните болници ќе им се ограничи висината на цените за лекување на пациенти со ковид во време на кризна, односно вонредна состојба.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ваквата одлука е донесена по апелите од граѓаните во однос на цените што се наплаќаат во приватните болници, а се движат по неколку илјади евра.

Минатата недела само приватната болница „Жан Митрев“ соопшти дека одлучила да ги намали цените за лекување ковид-пациенти за 10 отсто по средбата со министерот Филипче и реакциите во јавноста.

Од „Систина“, како што рече, веднаш кажале дека нема да ги намалат цените затоа што им е економски неисплатливо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…