Home Актуелно Ги уценувал да му платат 3 илјади евра, за да не им ги објави секс снимките на интернет

Ги уценувал да му платат 3 илјади евра, за да не им ги објави секс снимките на интернет

Триесетгодишен маж од Кавадарци уценувал две свои сограѓанки да му исплатат 3.000 евра за да не ги објави на социјалните мрежи нивните компромитирачки видео и фото материјали.

Двете девојки се полнолетни, а не се познавале една со друга. Уцените изнудувачот ги правел во различен период, притоа од едната барајќи 2.000, а од другата 1.000 евра.

Лицето е приведено поради основано сомневање за сторено кривично дело изнуда. Полицијата го претресе и неговиот дом заради прибавување на дополнителни доказни материјали за кривичното дело. На уценувачот ќе му биде поднесена кривична пријава за уцена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…