Home Шоубизнис Гестот на „Битлс“ кој говори за нивната космополитска големина

Гестот на „Битлс“ кој говори за нивната космополитска големина

Славниот музичар Пол Макартни, кој своевремено беше дел од култните „Битлс“, открил дека еден од најпопуларните бендови на сите времиња се залагале за еднакви права уште од 1964 година, откако одбиле да настапат за расно сегрегирана публика.

Макартни ја споделил приказната со своите следбеници за да ја нагласи важноста од секој кој го дава својот придонес за движењето „Црните животи се важни”.

„Додека сè уште ги гледаме протестите и демонстрациите ширум светот, знам дека многу од нас сакаат да знаат што можеме да направиме за да помогнеме”, започнал Макартни.

„Никој од нас ги нема сите одговори и нема брзо решение, но потребни нѝ се промени. Треба да работиме заедно на надминување на расизмот во било каков облик”, продолжил тој.

„Таа 1964 година требаше да настапуваме во Џексонвил и дознавме дека публиката ќе биде расно поделена на концертот. Знаевме дека тоа е погрешно и одбивме да свириме”, се присетил музичарот, додавајќи дека го одржале концертот кога ја споиле публиката.

„Се чувствувам бесно бидејќи ете нè, 60 години подоцна, и во светот и понатаму се случуваат бесмислени убиства”, вели Пол, додавајќи дека сака правда за сите луѓе кои страдале поради расизмот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …