Германците уште чуваат вкупно 12,46 милијарди стари германски марки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако изминаа 18 години откако Германија ја воведе употребата на еврото како домашна валута, добар дел од германските граѓани во своите домови уште чуваат околу 12,46 милијарди стари германски марки (6,37 милијарди евра), објави Централната германска банка.

„Од 12,46 милијарди марки кои сè уште граѓаните не ги размениле во евра, 5,83 милијарди се во банкноти и 6,63 милијарди во монети“, објави Германската централна банка (Дојче Бундесбанк).

Највисока вредност на банкнотите е во апоени од 100, 500 и 1000 ДМ.Граѓаните сè уште разменуваат германски марки во вредност од 35 до 45 милиони евра годишно.

Сепак, повеќето германски марки беа повлечени од промет веднаш по воведувањето на еврото на почетокот на 2002 година.

За разлика од другите земји што го воведоа еврото, во Германија не постои временски рок за старата валута да се претвори во евра.

Девизниот курс е сè уште непроменет: едно евро вреди 1.95583 ДМ.